Eкипата на Гостивар денеска доведе уште едно засилување и во офанзвата потпиша договор со Сенегалецот, Асане Диjата. Во прашање е 24-годишен фудбалер кој игра на десната крилна позиција, но по потреба може да помогне и на левата страна. Пред Гостивар го носеше дресот на Каршијака од Кипар, најголем дел од кариерата помине во клубови од Сенегал.