Aнглија вечерва како фаворит ја пречекува Данска во второто полуфинале на Европското првенство откако вчера Италијанците први изборија пласман во финалето и го чекаат противникот. Баш затоа што ја има таа фаворитска улога поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол смета дека овој дуел ќе биде потежок за неговите сонародници. „Според мене натпреварот со Данска ќе биде потежок отколку од евентуалното финале. …