Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Џо Кол: Натпреварот со Данска за нас ќе биде потежок од евентуалното финале

Џо Кол: Натпреварот со Данска за нас ќе биде потежок од евентуалното финале

Aнглија вечерва како фаворит ја пречекува Данска во второто полуфинале на Европското првенство откако вчера Италијанците први изборија пласман во финалето и го чекаат противникот.

Баш затоа што ја има таа фаворитска улога поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол смета дека овој дуел ќе биде потежок за неговите сонародници.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Според мене натпреварот со Данска ќе биде потежок отколку од евентуалното финале. Сите играчи во овие моменти си размислуваат: Ја имаме Данска во полуфинале, каква шанса…Меѓутоа Данска е репрезентација која ќе има поддршка од цела Европа. Јас на нив не гледам како тотален аутсајдер во овој дуел, за да бидеш во полуфинале на ЕП мора да имаш квалитет“, изјави Кол.

Во Англија толку многу посакуваат голем трофеј, а помеѓу навивачите преовладува мислењето дека никогаш не биле поблиску. Пред нив сега се само Данска и Италија…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…