Холанѓанецот, Жоржињо Вајналдум се приклучи на фудбалерите кои се преселија во Саудиска Арабија и ќе го носи дресот на Ал Етифак. Ал Етифак е клубот кој неодамна го напушти македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски и кој од клупата е предводен од Стивен Џерард. Вајналдум се обврза на тригодишна соработка со саудискиот клуб.