Eксмакедонскиот репрезентативец, Леонард Жута е нов член на хрватскиот Шибеник. 31-годишниот дефанзивец со хрватскиот клуб потпиша договор на една година со можност договорот да биде продолжен. „Среќен сум што доаѓам во Шибеник каде што досега многупати сум играл од спротивната страна. Дојде време да го облечам портокаловиот дрес. Знам дека ова е клуб со богата традиција и се радувам на новиот предизвик“, …