Капитенот и легендата на ППД Загреб, Златко Хорват (35) ја изненади ракометната јавност со одлуката кариерата да ја продолжи во Автокоманда во редовите на Металург. Долги 25 години беше во клубот, ги помина сите младински категории на загребскиот клуб. Сепак сега се одлучи за нешто ново. „Беше тешко да се донесе ваква одлука. Преговарав со Загреб, но се појави короната. …