Големо засилување за Металург, легендарниот хрватски репрезентативец и капитен на Загреб, Златко Хорват потпиша за тимот од Автокоманда.
Хорват после цели 18 години реши да го напушти Загреб и ја прифати понудата од македонскиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се работи за легенда на хрватскиот ракомет, а со репрезентацијата на Хрватска има медали од Олимписките игри во Лондон 2012, од Светските и Европските првенства.
Хорват веќе даде интервју за мекдонските медиуми и истакна дека е среќен што доаѓа во Македонија и ќе се обиде да го врати Металург каде што му е местото.
Металург гради амбициозен тим и претходно се засили со Никола Потиќ, Момир Рниќ и Бранко Канкараш.