Футсал репрезентацијата на Македонија вечерва на домашен терен, во спортскиот центар „Јане Сандански” оствари извонреден резултат, 3:3 против фаворизираната селекција на Италија во меч од групата 10 во рамките на европските квалификации за пласман на Светско првенство 2024. Избраниците на селекторот Васко Скендеровски во еден неизвесен натпревар со многу возбудувања, одиграа храбро, со голема желба и сосема заслужено ја сопреа моќната селекција …