Ливерпул повторно не успеа да победи во Премиерлигата, односно ремизира против Фулам (2-2), додека Арсенал одигра нерешено против Евертон (0-0).
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Топчиите“ доминираа во средбата против Евертон и создадоа дури 13 шанси, но не реализираа ниту една, па така Евертон си замина дома со еден освоен бод.
Лидерот во лигата двапати имаше негатива против Фулам, откако гостите од Лондон поведоа преку Переира во 11. минута, а потоа Робертсон доби црвен картон.
Гакпо израмни на 1-1, но Родриго Муниз стрелаше за нова предност за Фулам од 2-1 во 76. минута, по што Диого Жота постигна одличен гол за конечни 2-2.
На останатите натпревари, Њукасл со 4-0 го декласира Лестер, додека Ипсвич славеше со 2-1 против Вулвс.