Големи изненадувања донесоа денешните четвртфинални натпревари во Купот на Македонија. ФК Охрид Лихнидос испиша историја и го елиминира актуелниот освојувач на трофејот ФК Вардар по изведување пенали, обезбедувајќи прво полуфинале во клупската историја. „Црвено-црните“ имаа водство и контрола, но дозволија шок во самиот финиш. По мирно прво полувреме во кое охриѓани дисциплинирано се бранеа, Вардар поведе во 59. минута преку …