Дома Фудбал Вардар пред дербито со Пелистер го избра Андон Дончевски за почесен претседател!

Вардар пред дербито со Пелистер го избра Андон Дончевски за почесен претседател!

Пред денешниот натпревар против Пелистер со кој започнува новата сезона од Вардар објавија дека избрале нов почесен претседател на клубот и тоа легендарниот Андон Дончевски.

Како што информираа од редовите на „црвено-црните“, предлогот бил даден од неизврешниот директор Мартин Гелев, а истиот бил едногласно прифатен.

„На редовната седница на Одборот на директори на АД ФК Вардар одржана на 07.08.2025-та, едногласно беше прифатен предлогот на неизвршниот директор Мартин Гелев, легенда на Македонскиот фудбал и на Вардар, АНДОН ДОНЧЕВСКИ да биде прогласен за ПОЧЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ на клубот“, објави Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роџерс за Палмер: „Чест е да играме заедно секоја недела“

Морган Роџерс не го крие задоволството што повторно има можност да игра заедно со својот п…