Во рамки на домашното првенство, актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје славеше над Фени Индустри со 82:75. Тимот од „Јане Сандански“ беше резултатски подобар противник во текот на целиот меч, па МЗТ сега е на третата позиција на табелата. Во таборот на МЗТ најефикасен беше Стојановски со 19 постигнати поени, додека на спротивната страна се издвои Вокер кој запиша 23 поени.