Македонскиот фудбалер Лирим Ќамили стана нов фудбалер на суперлигашот во Данска, Сондерјиске. Минатата сезона Хвидовре каде што настапуваше Ќамили испадна од Суперлигата на Данска, па тој сега направи трансфер во клубот каде што веќе играат двајца македонски интернационалци. Тој им се придружи на Иван Николов и Сефер Емини. Ќамили по пристигнувањето веќе ги одигра и првите минути во данското првенство.