Поранешниот младински репрезентативец Сефер Емини си замина од Македонија Ѓорче Петров и кариерата ја продолжува во Данска во тимот на Сондерјиске.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Емини има само 22 години и до неодамна беше дел од репрезентацијата до 21 година со која одигра три натпревари во квалификациите за Европското првенство.




Од данскиот тим истакнаа дека се среќни што успеале да го доведат Емини.




„Среќни сме што го доведовме Емини. Играше редовно во македонското првенство, а има искуство и со играње во Русија. Станува збор за талентиран фудбалер кој ќе ни помогне да имаме подобри резултати“, изјави спортскиот директор на Сондерјиске, Есбен Хенсен.



