Поранешната репрезентативка на Македонија, Афродита Салихи на 35 години одигра фантастичен натпревар во дресот на ЖФК Кочани. Нејзиниот тим викендов славеше победа од 16:1 против Борец, а Салихи на овој натпревар постигна неверојатни 11 погодоци. Екс-репрезентативката постигна седум гола уште во првото полувреме, па додаде нови четири во вториот дел. Овие нејзини 11 голови се веројатно рекорд за официјален натпревар …