Селекторот на Албанија, Кристиан Панучи и Винченцо Монтела се фаворити за тренерското столче во Рома, доколку Ди Франческо добие отказ. Рома цела сезона игра „топло-ладно“, а големиот пораз од Фиорентина со 7:1 сериозно ја разниша позицијата на Ди Франческо во клубот. Наводно раководството му дало ултиматум на стратегот, па доколку не победи на следниот меч против Милан ќе добие отказ. …