Дома Фудбал Италија Ова се фаворитите за тренерското столче во Рома

Ова се фаворитите за тренерското столче во Рома

Селекторот на Албанија, Кристиан Панучи и Винченцо Монтела се фаворити за тренерското столче во Рома, доколку Ди Франческо добие отказ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рома цела сезона игра „топло-ладно“, а големиот пораз од Фиорентина со 7:1 сериозно ја разниша позицијата на Ди Франческо во клубот.

Наводно раководството му дало ултиматум на стратегот, па доколку не победи на следниот меч против Милан ќе добие отказ.

Италијанските медиуми тврдат дека Панучи и Монтела се главни фаворити за негов наследник.

Панучи е селектор на албанската репрезентација во моментов, додека Монтела е без ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо и Роберто Карлос купија фудбалски клуб

Поранешните бразилски фудбалски легенди Роберто Карлос и Роналдо, заедно со неколку други …