Од денес нов играч на Струга Трим Лум е младиот Сухељ Мухарем. Станува збор за квалитетен фудбалер кој има само 20 години и кој беше дел од младата репрезентација на Македонија, а доаѓа од Работнички. Претходно тој го носеше дресот на Ренова и Шкупи. Со овој трансфер Струга Трим Лум продолжува со доведувањето на млади и талентирани фудбалери.