Швајцарија после долго време доби нов селектор. Владимир Петковиќ кој ја водеше селекцијата после Европското првенство ја прифати понудата од Бордо да работи во француското првенство. Сега е објавено и кој доаѓа на негово место. Нов селектор на Швајцарците ќе биде Мурат Јакин. Јакин е поранешен долгогодишен репрезентативец на Швајцарија, а на селекторската функција доаѓа од тимот на Шафахузен.