Maкедонската ракометна репрезентација вчера одигра фантастичен натпревар и со победа од осум разлика го анулираше триумфот на Фарски Острови во Торшван. Еден од најдобрите на теренот беше ракометарот на РК Алкалоид, Марко Митев. Митев иако има 21 година одигра одличен натпревар, а по средбата не го криеше воодушевувањето од големата победа. „Благодарен сум им на навивачите што дојдоа да не …