Младата репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во Ларнака ги продолжува подготовките за претстојниот контролен дуел против Србија, по вчерашниот меч со домаќинот Кипар. Во интересен натпревар со многу возбудувања и неискористени шанси, Македонија и Кипар одиграа нерешено 1:1. Стрелец на единствениот погодок за Македонија беше Марио Илиевски во 66. минута од средбата. Можеме да жалиме за пропуштената победа …