Официјално денес е постигнат договор помеѓу ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци и ФК Залаегерсег од Унгарија за крилниот напаѓач Даниел Миловановиќ. Миловановиќ е дете на ГФК Тиквеш кои ги помина младинските категории на овој клуб. Тој ќе потпише договор на една година како позајмен играч од Унгарскиот прволигаш. Официјална промоција на фудбалерот се очекува во наредните денови.