Гоце Јаневски обезбеди бронзен медал за Македонија на Балканското првенство во Анталија Македонскиот репрезентативец Гоце Јаневски го победи Србинот Филип Џиниќ во четвртфиналето со 3-2 во категоријата до 75 килограми. Со оваа победа Јаневски обезбеди најмалку бронза за Македонија на Балканското првенство во Анталија, Турција. Во полуфиналето ќе се сретне со Бесарт Пирева од Косово кој настапи на Златен Гонг 2019. …