Германската репрезентација доживеа дебакл на Светското првенство во Русија и заврши на последно место во групата со Мексико, Шведска и Јужна Кореја. Целата нација со право е разочарана од настапот на „панцирите“, но генералниот менаџер на репрезентацијата Оливер Бириф потврди дека Јоаким Лев ќе остане на селекторското место. „Сите сме разочарани. Чувствуваме огромна фрустрација. Ја имавме судбината во своите раце …