Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја победија Барселона со резултат 2:1. Избраниците на Диего Симеоне така ја запишаа 12. последователна победа и ќе ја завршат годината на првото место во шпанското првенство. На натпреварот во „Монжуик“ присуствуваше и Луис Суарес, кој направи нешто што ги налути каталонските навивачи. Иако Уругваецот е легенда на Барселона и одигра многу повеќе натпревари во дресот …