Косовскиот суперлигаш, Гњилане го промовираше Ардијан Нухиу за нов тренер. Поранешниот тренер на Шкендија и Шкупи потпиша договор на три години и негова задача ќе биде да го врати овој тим на врвот во првенството. Помошник на Нухиу ќе му биде Муарем Бајрами.