Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека ќе ја чека понудата за да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до последен можен момент. Анчелоти има договор до крајот на сезоната, а со клупата на Реал се поврзуваат неколку други тренери, меѓу кои е и Чаби Алонсо кој одлично го предводи Баер Леверкузен. За него зборуваше и Анчелоти, кој кажа само пофални …