Реал Мадрид и Карло Анчелоти наводно не се во најдобри односи, барем според шпанските медиуми.
Мадридските медиуми денеска повторно пишуваат дека Италијанецот не е задоволен, но сега ниту клубот не е задоволен од Анчелоти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Очигледно на Флорентино Перез не го прифатил најдобро добро што во медиумите и јавноста протече договорот меѓу Анчелоти и бразилската репрезентација од 2024 година.
Во Реал веруваат дека ова немаше да протече доколку Анчелоти не дадеше збор дека ќе ги преземе Бразилците, по истекот на договорот со Мадрид.
Од друга страна, Анчелоти уште еднаш го изрази своето незадоволство од насоката во која се движи овој преоден рок, бидејќи Перез повторно реши да игра „покер“ со Килијан Мбапе и Пари Сен Жермен и се друго зависи од тој трансфер.
Реал е најактивен од почетокот на овој преоден рок, бидејќи веќе официјализираше четири засилувања и тоа – Џуд Белингем, Хоселу, Брахим Дијаз и Фран Гарсија, а Перез најави дека повеќе нема да купува и веројатно причината е доаѓањето на Мбапе следното лето.
На Анчелоти не му се допаѓа што целиот план е подреден на Мбапе и што поради тоа Реал се откажа од Хари Кејн, кој уште пред сагата околу Французинот беше прескап за Флорентино Перез.
Анчелоти не сака Хоселу, а можеби и Родриго да му бидат единствени напаѓачи, но засега Перез нема намера да ги менува своите идеи.
Токму затоа во Мадрид веруваат дека протекоа информации за Анчелоти и Бразил, а останува да се види како ќе се развива ситуацијата во „кралскиот“ клуб…