Тимот на Тиквеш доведе одлично засилување, потпишаа со репрезентативецот Александар Ѓурковски. Ѓурковски е младински репрезентативец на Македонија до 21 година и играше на стартот на новиот квалификациски циклус за Европското првенство. Во Тиквеш тој пристигнува на шестмесечна позајмица од Шкупи и се очекува сериозно да ја засили одбранбената линија.