Дома Фудбал Шкендија сигурна против Тиквеш во Кавадарци (Видео)

Шкендија сигурна против Тиквеш во Кавадарци (Видео)

Екипата на Шкендија лесно се справи со Тиквеш и на гости во Кавадарци славеше победа од 4-1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тетовци рано ја презедоа контролата врз натпреварот – Анес Меличи го отвори резултатот уште во 15. минута, најавувајќи доминантна партија на гостите. Предноста дополнително ја зголеми легендарниот Бесарт Ибраими, кој повторно се запиша меѓу стрелците во 36. минута, додека до паузата Љатифи се погрижи за убедливи 0-3.

Во вториот дел, кавадарчани накратко вратија надеж преку Стојчев, кој намали на 1-3 во 49. минута. Сепак, секоја дилема околу победникот беше отстранета по несреќниот автогол на Вареловски, со што беше поставен конечниот резултат 1-4.

Шкендија со оваа победа уште еднаш ја потврди фаворитската улога и ја продолжи својата силна форма во шампионатот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“ на повидок: Алварез може да направи трансфер од 150 милиони евра!

Хулијан Алварез е едно од имињата кои би можеле да го привлечат вниманието на летниот тран…