Дома Фудбал Тиквеш ќе биде казнет, ФФМ отвори постапка

Тиквеш ќе биде казнет, ФФМ отвори постапка

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржала седница на која биле донесени одлуки во врска со натпреварите во Кавадарци и Кратово.

Како што соопштува ФФМ, на дуелот меѓу Тиквеш и Арсими, одигран на 3 мај 2026 година во Кавадарци, е констатирано сериозно нарушување на редот од страна на домашната публика. Навивачката група „Лозари“ користела пиротехнички средства, при што 38 пати биле фрлани на теренот. И покрај две предупредувања преку разгласот, инцидентите продолжиле.

Дополнително, на трибините бил истакнат и транспарент со навредлива содржина упатена кон ФФМ, кој подоцна бил отстранет по интервенција на официјалниот спикер.

Поради овие случувања, против клубот е отворена дисциплинска постапка, а случајот е предаден на Дисциплинската комисија при ФФМ.

Претходно во текот на денот, првиот човек на Тиквеш, Митко Јанчев, се огради од критиките и навредите на навивачите упатени кон федерацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …