Maкедонската фудбалска репрезентација денес ги започнува подготовките за натпреварите со Италија и Малта. На 9. септември в сабота, Македонија ја пречекува Италија, додека три дена подоцна ќе гостуваме на Малта. Денес селекторот Благоја Милевски ги собра репрезентативците, а на собирот внимание привлече Столе Димитриевски кој се појави во дрес од легендата на италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон.