Пари Сент Жермен испиша историја со победа од 5-0 против Интер, освојувајќи ја првата титула во Лигата на шампионите во своето постоење. За тренерот Луис Енрике, овој триумф значеше втора титула од ЛШ и вторa „тројна круна“ во неговата тренерска кариера. По натпреварот, Енрике имаше емотивно обраќање и упати трогателна посвета на својата ќерка Хана, која почина во 2019 година. …