Дома Фудбал Енрике не се откажува од пресврт: Нека се подготви „Енфилд“ за пекол!

Енрике не се откажува од пресврт: Нека се подготви „Енфилд“ за пекол!

Тренерот на фудбалерите на Пари Сен Жермен Луис Енрике е убеден дека неговата екипа може да влезе во четвртфиналето на Лигата на шампионите и покрај поразот од Ливерпул на домашен терен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Парижаните целосно доминираа во првиот натпревар на „Паркот на принцовите“. Имаа 27 шута кон противничкиот гол, но настапот на Алисон беше едно од најдобрите голмански изведби во историјата на натпреварувањето.

Луис Енрике не изгледаше обесхрабрен иако чувствуваше горчина. Ливерпул создаде една добра шанса и од неа во 87. минута преку Харви Елиот постигнаа победнички гол.

„Тешко е да се размислува за натпреварот на позитивен начин. Заслуживме да победиме, создадовме многу шанси… Мислам дека ова ни беше најдобриот меч во сезонава на Лигата на шампионите. Шутнаа еднаш и постигнаа гол. Нивниот најдобар играч беше голманот. Чудно е, но сум многу горд на мојот тим. Бевме многу подобри од Ливерпул“, изјави Енрике.

Оптимистичен е во однос на реваншот.

„Пресврт на ‘Енфилд’? Секако дека можеме до него. Ќе успееме“, верува Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што мислеше, човек?! Неверојатната грешка на голманот Муслера го чинеше Уругвај победа

Фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови продолжува со пишување на најубавите с…