Нашата селекција синоќа ја совлада Летонија со 3:1 и со победа ги започна квалификациите за ЕП 2020. Ова за нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев беше 100. настап за селекцијата, а за тоа пред натпреварот од федерацијата доби дрес со бројот 100 и плакета. Пандев одигра 70-тина минути, а за тоа време покажа дека е вистински лидер и носител на играта …