Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас ја прекина тишината и конечно проговори за актуелните теми. Се зборуваше за Барселона, Мбапе, расизам и многу други работи. “Продолжуваме да се бориме против говорот на омраза, не само против расизам. Се бориме и против хомофобија, нетолеранција…”, започна Тебас. Потоа следеше прашање кое најмногу ја интересира фудбалската јавност, случајот на регистрацијата на Дани Олмо. …