Дома Фудбал Барселона повторно со неочекуван прилив на пари, од Бразил добива дури 24.000.000?

Барселона повторно со неочекуван прилив на пари, од Бразил добива дури 24.000.000?

Напаѓачот на Барселона, на позајмица во Бетис, Витор Роке, би можел до крајот на февруари да се врати во својата татковина.

Бразилски медиуми откриваат дека еден од најсилните бразилски клубови, Палмеирас, сака да го донесе Роке до крајот на зимскиот преоден рок, кој во Бразил трае до 28 февруари.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Роке пристигна во Барселона минатата зима, но не доби многу шанса за игра, па летото одлучи да оди на позајмица во Бетис. Роке на почетокот беше редовен под водството на Мануел Пелегрини, но потоа падна во втор план. Постигна седум голови и забележа две асистенции на 30 натпревари, но во последно време сè почесто е на клупа.

Барса се надева дека Бетис би можел да се согласи на прекин на неговата позајмица и дека би можела да го продаде на Палмеирас, кој наводно е подготвен да плати дури 24 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рамос клоцна ривал и доби – црвен картон (Видео)

Искусниот шпански фудбалер Серхио Рамос стана тема на денот во Мексико откако ноќта меѓу н…