Дома Фудбал Тадиќ конечно проговори и зададе сериозен шамар на Србија

Тадиќ конечно проговори и зададе сериозен шамар на Србија

Душан Тадиќ за првпат се огласи во јавноста откако ја одби богатата понуда на Црвена звезда и потоа потпиша изгоден договор за екипата Ал-Вахда од Обединетите Арапски Емирати. Објасни ги причините за одбивањето на Звезда, но и на Војводина.

Некогашниот капитен на репрезентацијата на Србија, Душан Тадиќ, стана нов играч на Ал-Вахда од Емиратите. Тој ја прифати понудата од седум милиони евра од овој клуб, и одби прилично висока цифра која му ја нудеше Црвена звезда.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


36-годишниот офанзивец призна дека долго преговарал со црвено-белите, но едноставно не се гледа себе си и семејството во Србија во овој момент.

„Долго седевме и убаво разговаравме. Звездан Терзиќ и Црвена звезда направија повеќе од што треба за да дојдам кај нив и им сум им благодарен за тоа”, изјави Тадиќ за Mozzart Sport, и потоа продолжи:

„Тешко беше да одлучам. Не се гледав себе си и семејството дека се враќаме во Србија во овој момент, иако ме мачи носталгија и желба за домот и мојата земја.”

Тадиќ истакнува дека едноставно не бил подготвен за враќање во Србија.

„Не дека не се гледав во српскиот фудбал. Сакав да го подобрам. Прво мислам на животот во Србија. Колку и да ми е убаво, колку и да ме мачи носталгија, не бев сигурен сам со себе што сакам.”

„Потребно ми е извесно време за да ‘средам’ некои работи, да се подготвам за враќање дома. Никогаш не ми било толку тешко да одлучам. Сакав сѐ да пробам, но тоа не беше можно.”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристал Палас го победи Ливерпул и го освои трофејот Комјунити Шилд

Екипата на Критсрал Палас е освојувач на Комјунити Шилд откако попладнево го совладаа Ливе…