Пред неколку дена со среќен крај заврши сагата со киднапирањето на таткото на Луис Дијаз.
Таткото на фудбалерот на Ливерпул е пуштен на лсобода откако беше киднапиран и држен 12 дена. Откако помина низ лекарски прегледи и полициска процедура, Луис Дијаз за првпат зборуваше за медиумите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според неговите зборови киднаперите се однесувале добро и не бил малтретиран, но секако било тешко.
„Тешко беше, не спиев 12 дена. Бев третиран добро, но секако дека не се чувствував добро. Многу ми ндостасуваа сопругата и децата. Немаше понуда за плаќање, немаше таква потреба. Се заврши легално“, изјави Мануел Дијаз.
Доби прашање и дали планира преселба во Англија каде што поради играњето за Ливерпул престојува неговиот син.
„Верувам дека ќе останам во мојот град, сакам да сум тука, моите родители се погребани тука. Имаме поддршка од Владата и мислам дека нема да има потреба од такво нешто“, одговори таткото на одличниот фудбалер.