Тажен ден на „Олд Трафорд“.
Еден од најзаначјните луѓе во историјата на Манчестер Јунајтед и за славната генерација „92“ Ерик Харисон денес почина во 82-та година од животот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веста утрово беше соопштена од Манчестер каде што Харисон работеше 17 години откако во 1981 година стигна во Јунајтед од Евертон. Во Манчестер остави свој печат со лансирањето на големи асови на фудбалската сцена какви што се Дејвид Бекам, Рајан Гигс, Гери Невил, Ники Бат и Пол Сколс.
Сите тие дебитираа под водство на Алекс Фергусон меѓутоа ги школуваше Харисон.
„Изгубивме ментор, тренер, човекот кој нас не создаде. Тој нас не научи како да играма, никогаш да не се откажуваме, колку е важно да ја добиеш сопствената борба и што играме за Манчестер Јунајтед. Секогаш нас не гледаше и беше покрај нас, се уште можеме да те слушнеме како ни зборуваш: НЕМА ПОВЕЌЕ ХОЛИВУДСКИ ПАСОВИ! Се уште го гледаме додека играме во Клиф тренинг центарот како нас не гледа или со горда насмевка или пак ја слушаме силната тупаница како удира по прозорот….Уште поважно, не научи нас да разбереме како се тренира и како се почитува, не само на теренот и надвор од него. Нема да ги заборавиме неговите животни лекции. Ерик, те сакаме и се ти должиме на табе“, пишува во соопштението кое го потпишаа Гери, Фил, Рајан, Пол, Ники и Дејвид.
Сер Алекс за него зборуваше:
„Ако ти треба учител вистинскиот човек кој ќе ти го покаже патот е Ерик“.