Дома Топ вести Tрансфери во живо: Кепа потпиша за Реал, Спалети ги „олади“ фановите, Лемар на пат за „Енфилд“

Tрансфери во живо: Кепа потпиша за Реал, Спалети ги „олади“ фановите, Лемар на пат за „Енфилд“

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации. 

– За почеток ви ги претставуваме најдобрите 10 трансфери кои би можеле да се случат во текот на денот, направени според посебен алгоритам. (ОВДЕ)

– Денот започна навистина БОМБАСТИЧНО! Имено, според шпанскиот „Дон Балон“, кој прв ја пренесе оваа вест, а потоа и англискиот „Гоал“, Реал Мадрид наскоро ќе добие неверојатна понуда за Кристиано Роналдо…(ОВДЕ)

– Борусија Дортмунд би можела да се обиде да го врати Хенрик Микхтаријан во своите редови (ОВДЕ)

– Џанлука Ди Марцио тврди дека има вистинска „бомба“! Имено, тој пренесува дека доколку Алексис Санчез биде продаден, Арсенал ќе тргне по Пјер Емерик Обамејанг. (ОВДЕ)

– Светските обложувалници, за трансферот на Фелипе Кутињо во Барселона додао коефициент од само 1.40, додека за негово останување во Ливерпул коефициентот изнесува 2.80.

– ОФИЦИЈАЛНО: Ургувајскиот ветеран Диего Форлан иако има 38 години се уште не помислува на пензија, тој има нов клуб и ќе го носи дресот на Китичи од Хонгконг. (ОВДЕ)

– ДОГОВОРЕНО: Ценк Тосун е нов фудбалер на Евертон, конечно после долги преговори двата клуба успеаа да се договорат за сума од 30 милиони евра.

– Продолжува сагата со Матео Ковачиќ, како што пренесува „Дон Балон“ Португалецот нема немера да се откаже од намерата да го види „Олд Трафорд“! (ОВДЕ)

– Како што пренесуваат италијанските медиуми, екипата на Рома ќе се обиде да го доведе бекот на Јувентус, Стефан Лихштајнер. 

– Тотенхем е спремен да го направи Хари Кејн најплатен фудбалер во Премиер лигата и така да го откаже Реал Мадрид од намерата да го доведе фантастичниот фудбалер. (ОВДЕ)

– Eшли Кол потшиша едногодишен договор со тимот на Лос Анџелес Галакси.

– Тимот на Рома повторно во овој преоден рок ќе се обиде да го доведе Алжирецот од редовите на Лестер, Ријад Марез. (ОВДЕ)

– Иако минатото лето пристигна како големо засилување во одбраната од редовите на Виљареал, Мусакио наскоро би можел да го напушти Милан. (ОВДЕ)

– Maнчестер Сити во наредните денови ќе одлучи дали ќе тргне по Алексис Санчез во јануарскиот преоден рок. Почетната понуда за која размислуваат да ја испратат наводно изнесува помеѓу 25 и 35 милиони фунти.

– Според „Тhe Sun“ Жозе Мурињо е спремен да испрати понуда од 50 милиони евра за фудбалерот на Тотенхем, Дени Роуз.

 

– Италијански „Кориере Дело Спорт“ пренесува изненадувачка вест. Наводно тимот на Милан во наредниот период ќе се обиде да го доведе фудбалерот на Арсенал, Тео Волкот. (ОВДЕ)

– OФИЦИЈАЛНО: Луисијано Вието го реализираше трансферот од редовите на Атлетико Мадрид во Валенсија

– Иако постоеа гласини дека Тибо Куртоа ќе го напушти Челзи, сепак изгледа дека Белгиецот ќе остане во Лондон, а од тимот на Челзи се спремни да му понудата и плата од 10.5 милиони евра по сезона со што би го направиле најплатен голман во светот. (OВДЕ)

– Мадридскиот весник „АС“ пренесува дека голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага веќе потпишал шестгодишен договор со Реал Мадрид.

-Тренерот на Интер Лучијано Спалети изјави дека клубот нема доволно голем биџет за да ги донесе Пасторе и Михтарјан на „Џузепе Меаца“ (ОВДЕ).

– Мурињо е силно заинтересиран на „Олд Трафорд“ да го донесе Лукас Моура кој е на излезна врата од ПСЖ (ОВДЕ).

-Англиските медиуми пренесуваат дека ѕвездата на Монако, Тома Лемар е пред трансфер во Ливерпул и дека зделката наскоро ќе биде официјализирана (ОВДЕ)

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Тео Волкот сака да си замине од Арсенал и дека е во преговори со Милан (ОВДЕ).

-Еминентен шпански новинар тврди дека Кристиано Роналдо добил три понуди на своја адреса и дека размислува да го напушти Реал Мадрид (ОВДЕ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…