Дома Трансфер зона Спалети: Михтарјан и Пасторе? Немаме пари!

Спалети: Михтарјан и Пасторе? Немаме пари!

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети призна дека на неговиот тим му се потребни засилувања во зимскиот преоден рок, но клубот нема доволно голем буџет.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Спалети нагласи дека нема да биде незадоволен и доколку остане со актуелниот тим и до крај ќе се бори за место кое води во Лигата на шампиони. Притоа, истакна дека клубот во овој момент не може да си дозволи фудбалери како Пасторе и Михтарјан.

„Интер за да се подобри треба да донесе фудбалери кои се подобри од актуелните, но нашиот тим е доволно квалитетен за да ги оствари зацртаните цели. Јасно, се може да се подобри, особено во одбраната каде имаме недостаток на играчи“, истакна Спалети.

„Пасторе и Михтарјан? За тоа се потребни 30-40 милиони евра, а ние во моментов ги немаме тие пари. Поради тоа нема потреба да зборуваме за такви фудбалери. Сите клубови треба да ги почитуваат параметрите на Финансиски фер-плеј, а ние го правиме тоа“, додаде Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…