Дома Трансфер зона Роналдо си заминува од Реал уште оваа зима: Понудата е на маса, трансферот е СПЕКТАКУЛАРЕН

Роналдо си заминува од Реал уште оваа зима: Понудата е на маса, трансферот е СПЕКТАКУЛАРЕН

Според пишувањата на британските и шпанските таблоиди, започнал „ловот“ за најдобриот играч во светот, Кристиано Роналдо.

Реал Мадрид се подготвува да направи големи промени во следните осум месеци, почнувајќи од промена на тренерот, свежа крв во средниот ред, па се до засилувања во нападот. Она што на Роналдо најмногу му смета фактот дека Реал сака да ги доведе Еден Азар и Нејмар, двајца играчи кои играат токму на неговата позиција, односно двајца играчи кои би можеле да станат лидери на „Кралскиот“ клуб.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„El Chiringuito, Don Balon, Express“ и други англиски-шпански таблоиди тврдат дека Реал Мадрид уште оваа зима има неколку понуди на масата, а една пристигна од неочекуваниот кандидат за доведување на Португалецот.

Тренерот на Челси, Антонио Конте наводно е заинтересиран за доведување на Роналдо, особено ако во спротивна насока оди Еден Азар. „Don Balon“ тврди дека Конте е голем фан на ликот и делото на Роналдо, но и дека го загубил трпението со своите опции во нападот (Вилијан, Батшуи, Педро).

Освен Челси, за одличниот Роналдо се заинтересирани и Манчестер Јунајтед, ПСЖ и ЛА Галакси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дарко Чурлинов се врати во Англија

По епизодата во Шалке, македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов се врати во редовите на Барнли…