Дома Трансфер зона Пресметано со алгоритам: Ова се најдобрите 10 трансфери кои може да се официјализираат веќе денес!

Пресметано со алгоритам: Ова се најдобрите 10 трансфери кои може да се официјализираат веќе денес!

topa 10

Спортската страница „Football Whispers“ преку свој алгоритам, секојдневно ги анализира случувањата на трансфер пазарот.

На основаа на оваа анализа тие изнесуваат листа од најдобрите 10 трансфери кои би требало да бидат официјализирани во текот на денот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На првото место е дефанзивниот фудбалер за врска Сандро кој денес би требало од Анталиспор да се пресели во Беневенто. Зад него следи германскиот репрезентативец, Лео Горецка кој Шалке би требало да го замени со Баерн Минхен. Неговата пазарна вредност се проценува на околу 40 милиони евра.

Турскиот напаѓач Ценк Тосун е многу блиску до трансфер во Евертон, а напаѓачот на Атлетико Мадрид, Лусијано Вието би можел да премине во Спортинг. Голманот на Атлетик Билбао Кеп Аризабалага во секој момент се очекува да го официјализира трансферот во Реал Мадрид, како и Кутињо во Барселона.

1.Сандро (Анталиспор – Беневенто)

2.Горецка (Шалке – Баерн)

3. Тосун (Бешикташ – Евертон)

4. Вието (Атлетико Мадрид – Спортинг)

5. Аризабалага (Атлетик Билбао – Реал Мадрид)

6. Туран (Барселона – Галатасарај)

7. Санчез (Арсенал – Манчестер Сити)

8. Кутињо (Ливерпул – Барселона)

9. Ингс (Ливерпул – Вест Хем)

10. Иденгучи (Гамба Осака– Лидс)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…