Дома Фудбал Англија Tренерот на Њукасл признава: Нашата цел не беше пласман во Лигата на шампионите

Tренерот на Њукасл признава: Нашата цел не беше пласман во Лигата на шампионите

Наредната сезона, Њукасл по две децении ќе игра во Лигата на шампионите, а тренерот Еди Хау признава дека во клубот не очекувале таков пласман сезонава.

Пред само една година Њукасл водеше борба за опстанок, но во клубот работите на подобро се променија откако за менаџер беше доведен Еди Хау кој буквално го препороди тимот.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Пласманот во Лигата на шампионите, Њукасл го озбедбеди со вчерашното реми 0:0 против Лестер.

„Ова е навистина неверојатна ноќ за сите наши навивачи. Успехот кој го постигнавме е неверојатен. Ако ме прашувате што очекувавме пред почетокот на сезоната, тоа сигурно не беше пласман во топ 4.

Нормално дека секогаш се надеваш и веруваш, меѓутоа не мислевме дека сме спремни за ова што го постигнавме. Кога дојдов тимот се бореше за опстанок и прашањето беше колку можеме да се консолидираме да станеме подобар тим“, изјави Еди Хау.

Последен пат Њукасл играше во Лигата на шампионите во сезоната 2002/2003, тогаш ги предводеше легендарниот Боби Робсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија си даде автогол, Шпанија во осминафинале🎥

Шпанија го доби дербито против Италија со 1:0 и тоа со автогол и го обезбеди првото место …