Дома Фудбал Tренерот на Ибица по поразот од Барселона: Тоа што ни се случи беше катастрофа

Tренерот на Ибица по поразот од Барселона: Тоа што ни се случи беше катастрофа

Вчера Барселона играше куп натпревар против третолигашот Ибица.

Каталонците до победата дојдоа потешко од очекувањата. Ибица на полувремето водеше со 1:0. Барселона во второто полувреме направи пресврт со двата гола на Гризман. Вториот гол Французинот го постигна во 94. минута од натпреварот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тренерот на Ибица, Пабло Алфаро изрази жалење што неговиот тим изгубил на таков начин.

„Горд сум на она што моите играчи го прикажаа. Меѓутоа ова беше катастрофа, изгубивме на суров начин. Сепак, покажавме дека овој тим има душа, невозможно е да барам нешто повеќе. Треба да и честитаме на Барселона и им посакуваме да стигнат далеку во купот“, изјави Алфаро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јаал потврди дека е крај, а потоа младата дама му покажа колку е небитен

Ѕвездата на Барселона, Ламине Јамал, денес јавно објави дека тој и поп-ѕвездата Ники Никол…