Дома Останати Кошарка Tренерот за скромниот Јокиќ: За него мора да се зборува, заслужува кандидатура за МВП! (Видео)

Tренерот за скромниот Јокиќ: За него мора да се зборува, заслужува кандидатура за МВП! (Видео)

Никола Јокиќ продолжува со одличните настапи во најсилната кошаркарска лига, а изминатата ноќ запиша нов трипл-дабл.

Центарот на Денвер во победата на својата екипа над Спарсите постигна нов трипл-дабл, трет во низа – 28 поени, 11 скокови и 11 асистенции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Јас играм на ист начин како и кога дојдов тука“, изјави Јокиќ после натпреварот.

Јокиќ во февруари просечно забележува 23.4 поени, 11 скокови и 10.4 асистенции.

Од неговиот настап воодушевен беше и тренерот Мајкл Малоун:

„Јокиќ и Наџентси заслужуваат поголема почит. Тој не беше на Ол-стар, не се спомнува кога се зборува за МВП, но кога ќе ја погледнете неговата статистика, Јокиќ мораше да биде Ол-стар. Мора да се зборува за него и заслужва да биде кандидат за МВП на лигата. Тој е еден од најдобрите играчи во лигата на својата позиција, но и генерално. Тоа го докажува секоја вечер против најдобрите тимови“, смета тренерот на Наџентси.

Изјавата на Малоун ја слушна и тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ и во свој стил му дофрли:

„Не се*и“, што предизвика смеа кај новинарите, но и кај самиот тренер на Наџентси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер пренесе нови лоши вести за повредата на Јокиќ

Денвер Нагетс пренесоа нови лоши вести поврзани со состојбата на повредата на Никола Јокиќ…