Крилниот напаѓач на Арсенал и репрезентацијата на Англија, Букајо Сако втора година во низа ја доби наградата од ФА за најдобар англиски играч.
Наградата на собирот во облик на роденденски подарок му ја додели фудбалерот на Тотенхем, Џејмс Медисон.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Минатата сезона сака повторно беше најдобар играч на Арсенал со 15 голвои и 11 асистенции во сите натпреварувања, екипата на Микел Артета беше на врвот во Премиер лигата се до завршницата од сезоната, но потоа не можеше да го следи ритамот на Манчестер Сити.
Навивачите во Англија сепак се уште го паметат и неговиот пенал промашен во 120 минута во финалето помеѓу Англија и Италија на „Вембли“. Потоа беше на мета на расистички навреди, баш како и неговите соиграчи Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд.