Дома Фудбал Останато Светот дочека: „Новиот Усеин Болт“ на 17 години дебитираше на големите меѓународни натпреварувања (Видео)

Светот дочека: „Новиот Усеин Болт“ на 17 години дебитираше на големите меѓународни натпреварувања (Видео)

Го дочекавме и дебито на новиот Усеин Болт на големите меѓународни натпревари! Момчето со потекло од Јужен Судан го нарекуваат Гоут Гоут според најголемата легенда во светот на спринтот, голем е тој терет, но тој на дебито беше феноменален.

Сепак, не успеа да забележи победа против моментално водечкиот спринтер на Австралија Лаклан Кенеди во трката на 200 метри, но успеа да стигне до второто место на натпреварот во Мелбурн Мори Плант во рамките на континенталната тура на Светската атлетика на почетокот на сезоната на отворени патеки.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Кенеди неодамна на Светското првенство во сала во Нанкинг освои сребрен медал во трката на 60 метри, а Гоут успеа да му нанесе притисок.

Да се трчаше уште неколку метри веројатно ќе дојдеше до промена на првото место, но Кенеди издржа и го надмина личниот рекорд со 20.26 секунди. Гоут веќе има трчано 20.04 минатата година, а сега застана на 20.30.

На некој начин ова е неуспех за него затоа што сигурно може многу подобро, но треба да се земе предвид дека тој само во декември оваа година станува полнолетен и ова е голем почеток за младиот спринтер кој ги брани боите на Австралија.

Споменатите 20.04 секунди се истовремено и национален рекорд на Австралија, затоа што Гоут со овој резултат го сруши и дури Питер Норман, кој во Мексико Сити во 1968 година освои сребрен медал на Олимписките игри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историски момент за македонската атлетика: Андријана Поп Арсова се пласираше на Светското првенство во Токио!

Македонската атлетика испишува нови страници во својата историја – Адријана Поп Арсова обе…