Ремито на Реал Мадрид на гостување кај Рајо Ваљекано продолува да биде во центарот на вниманието на јавноста и во вториот ден по натпреварот во Ваљекас каде што беа постигнати дури шест гола.
Шпанскиот шампион беше во нокдаун во првите половина час на натпреварот бидејќи губеше со два гола разлика, но со подобра игра во второто полувреме можеше и до победа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На крајот, ремито е резултат по мера од прикажаното, но избраниците на Карло Анчелоти не го прифаќаат фактот дека биле оштетени за пеналот врз Винисиус во второто полувреме.
Со оглед на кредибилитетот што го имаат фудбалерите на Реал Мадрид во Шпанија, многу брзо се појави снимка од разговорот помеѓу Бразилецот и главен судија на натпреварот Мартинез Мунера, каде му вели на асот на шпанскиот шампион дека можеби требало да биде досуден пенал.
“Слушај ме, слушај ме… Можеби згрешив! Во ред, ако згрешив… не доаѓај така, не доаѓај така”, му збоувал судијата на видно нервозниот Винисиус.
Промени на резултатот и одлуката сепак немаше, па Реал ја пропушти убавата шанса да се искачи на врвот од табелата бидејќи Барселона вчера доживеа и изненадувачки пораз од Леганес.